Попоски и Џафери на состанок на Северно-атлантскиот совет

Од:

Министрите за надворешни работи и за одбрана на Република Македонија, Никола Попоски и Талат Џафери, денеска ќе го посетат седиштето на Северно-атлантската организација (НАТО), јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што известуваат од прес-службата на Алијансата, македонските министри во НАТО ќе се сретнат со заменик-генералниот секретар Александер Вершбоу.

Попоски и Џафери ќе присуствуваат и на состанокот на Северно-атлантскиот совет (НАК). Македонија не е членка на Алијансата, но е партнер во повеќе мисии ширум светот.

Министерството за надворешни работи информира дека на состанокот во Брисел и двајцата министри ќе имаат свое обраќање за прогресот на политичко – економските и воено – одбранбените реформи во земјата во рамки на 14 циклус на Акциониот план за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани