Попоски: Граѓаните ќе го направат вистинскиот избор

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денес ги повика кумановчани да излезат на локалните избори и да го подржат кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски и советничката листа.

Тој нагласи дека Ѓорѓиевски ќе се бори да го реши проблемот со водоснабдувањето, невработеноста, ќе направи модерна автобуска станица, три нови градинки, Зелен пазар, нови спортски сали и многу други работи.

Ова ќе биде избор помеѓу два различни пристапи. Пристап кој во минатото го имате видено и е потврден како пристап базиран на дела, кој работи сериозно подготвува програма и проекти и врз основа на тоа остварува. Другиот е пристап на празни ветувања, кој создава хаос, и не го остварува она што е ветено. Мислам дека граѓаните ќе знаат да го направат вистинскиот избор – изјави Попоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија