Попоски: Добрососедските односи не зависат од формалните договори

Од:

Засега нема конкретни заклучоци од средбите на работните групи меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија во однос на добросоедските односи, но за неколку седмици би имале слика за тоа што може да очекуваме од нив, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Попоски, додавајќи оти е добро што поскоро да се затвораат сите прашања.

– Ние имаме исклучително отворен и конструктивен пристап во комуникацијата со сите соседи, вклучително и со Бугарија. Сметаме дека секој чекор кој може да ни овозможи подобро интегрирање, поголема соработка треба да го поздравиме, рече Попоски по средбата во Скопје со генералниот секретар на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа, Горан Свилановиќ.

Според него, во моментов, нема конкретни заклучоци од работата на групите.

– Комуникацијата која се одвива меѓу работните групи се однесува и на сите оние домени за кои сме поднеле иницијатива и за кои сметаме дека можат да бидат пресретнати од страна на нашиот сосед. Во тој контекст има многу работи што можеме да ги реализираме независно од имање или немање договор, бидејќи соработката се гради преку конкретни гестови, рече Попоски.
За амандманите поднесени од Бугарија во Советот на Европа, посочи на неговата дефиниција за добрососедството како начин на изразување искреност кон својот сосед. Во тој контекст, според Попоски, во односите кои ги имаме во мултилатерален контекст, било да се однесува на резолуциите во Советот на Европа, во Европскиот парламент или кој било контекст, би требало да настапуваме искрено.

– Доколку сме за градење добрососедски односи треба и преку она што го предлагаме како амндмани да изразиме определена тенденција за добрососедство. Јас тргнувам секогаш од принципот дека не треба да го правиш она што не сакаш да ти го прават тебе. Мислам дека имаме многу широк материјал и многу добра билатерална основа за соработка која може и натаму да не приближува и да не европеизира во односите и таму треба да ја фокусираме енергијата, а не да ја трошиме на оние работи кои може секогаш да бидат злоупотребени за креирање на перцепција за немање на добрососедство, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија