Поплавите ја прекинаа наставата во Пелагонија

Од:

Учениците од неколку села во Пелагонија денеска ја прекинаа наставата бидејќи било невозможно да одат на училиште. Поради поплавувањето на региналниот пат кој од Могила води кон селото Радобор, денеска децата воопшто не тргнале на училиште во подрачното школо во селото Могила.

Градоначалникот на Општина Могила, Стевче Пивковски, вели дека денеска е прикината наставата во најзагрозените села во Пелагонија, Чарлија и Радобор, бидејќи патот е сосема под вода и децата требало да патуваат по алтернативни патишта со часови за да одат на настава.

– Состојбата е лоша и ризична за патување, па затоа одлучивме децата да останат дома – вели Пивковски.

Денeска, според Пивковски, состојбата со водостојот на Црна Река е стабилизирана, но, сепак, под вода се 2.600 хектари земјоделско земјиште на индивидуални земјоделци и на ЗК „Пелагонија“. Исто така, десетици подруми и штали во селата Вашарејца, Радобор и Чарлија се под вода. Жителите со пумпи и со правање канали се обидуваат да си ги спасат домовите.

– Она што треба да се направи е санирање на коритото на Црна и тоа што поскоро, откако ќе се стабилизира времето – вели Пивковски.

Слична е состојбата и во соседната пелагониска општина Новаци. Таму, според општинските власти, е ангажирана механизација да ги поправа насипите за да се заштитат од натамошно поплавување.

– Нивите и во овој дел од Пелагонија пливаат под вода. Нивото на Црна е 3,90 метри и не ни останува ништо друго освен да правиме насипи, за да не се повтори сликата од пред еден месец – вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Она од што најмногу стравуваат мештаните во Пелагонија е наглото топење на снегот во Демирхисарско.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски