Поплавен Драмски театар, се откажуваат претстави

Од:

Поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот проценивме дека е небезбедно да не се изведуваат претстави додека истото не се санира. Ви соопштуваме дека вечерашната претстава “Мојот маж” се откажува информираат од Драмскиот театар.

– Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа.И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили. Се надеваме дека ова во еден догледен рок ќе се санира и ќе можеме да продолжиме со нашите предвидени активности, се вели во објавата од Театарот.

Би можело да ве интересира

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар со претставата „Фирма“ гостува во Словенија

Премиера на „Падот на Масада“ во Драмски театар

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Драмски театар Скопје утре гостува во Приштина

Ана Ололовска