Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер

Од:

Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 15 литри на квадратен метар и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од над 60 километри на час, а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.

Според УХМР, во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво