Попладне едночасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Од:

Авто-мото сојузот на Македонија за денеска од 16 до 17 часот најави прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид кај месноста Лавчанско речиште, каде во тој период ќе се изведуваат градежни работи (минирање).

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот се уште е во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.

Се уште е отежнат сообраќајот  на патиштата Прилеп – Витолиште и Прилеп-Македонски Брод, поради свлечиште односно слегнување на асфалтот на патот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози