Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, тврди Маричиќ

Од:

Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за „Еуроњуз“ дадено за време на неговата посета на Тирана.

Маричиќ посочува дека има силна политичка волја и расположение кај граѓаните наесен да се одржи пописот и уверува дека државата има модерен закон и методологија кои гарантираат дека пребројувањето на населението ќе биде според сите највисоки статистички стандарди.

– Сметаме дека ова е процес што треба да го направиме оваа година, бидејќи е неопходен за државата за да се креираат добри политики за нашите граѓани. Планираме да започнеме на 5 септември и да завршиме на 30 септември. И убеден сум дека тоа ќе се случи. Убеден сум бидејќи постои силна политичка волја и од Владата и од сите политички партии, но и меѓу граѓаните постои високо разбирање дека ова е нешто потребно и нешто што треба да го направиме, вели Маричиќ.

Тој додава дека не гледа причина пописот повеќе да се одложува.

– Мислам дека можеме да ги одржиме изборите веднаш по овој попис. Значи целта на Владата е да се стави крај на овој попис и да се започне кампања за локалните избори. Мислам дека тоа е најразумното нешто што можеме да го направиме за државата, вели Маричиќ во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

A1on