Пописот одложен за септември, локалните избори за втората половина на октомври

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев кажа дека се договориле да се одложи пописот до септември, но и локалните избори до втората половина на октомври. Тоа ќе биде доволно, според Мицкоски, да се имунизираат попишувачите.

„Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на април се очекува да пристигнат во Македонија околу 350.000 вакцини, а потоа сукцесивно во мај. Се согласивме дека пописот ќе се случи по процесот на имунизација на населението. Се договоривме да биде одложен и наместо сега во април, да биде во септември,  можен период да биде од 5 до 30 септември, односно 25 дена. А локалните избори, наместо во првата половина од октомври да се одложат во втората половина од октомври“, рече Мицкоски.

„Се согласивме и веќе утре во рамките на Парламентот ќе биде измената на Изборниот законик што  се однесува на терминалите за вчитување на отпечаток на прст. Очекуваме успешно да биде изгласана во Собранието. Се согласивме да ги охрабриме групите кои преговараат за Изборниот законик, а тоа се предлозите за измена во една изборна единица, отворени листи за советници на следните избори, избор на градоначалник во прв круг, последно, се разбира, тука е гласање на дијаспортата на следните парламентарни избори надвор од дипломатско-конзуларните претставништва, и последно, имплементација на препораките од ОБСЕ“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра