Пописот не почна, се чека одлуката на Собранието за одложување

Од:

Утрово формално требаше да почне главната фаза од попишувањето на населението, домаќинствата и становите на целата територија на земјава. Според важечкиот закон пописот треба да трае до 21 април.

Лидерите на власта и опозицијата Зоран Заев и Христијан Мицкоски, договорија одложување на пописот за септември.

Претседателот на Собранието Талат Џафери Џафери за денеска во 13 часот ја закажа пленарната седица на која има две точки на дневен ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.

„Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен“ – информираат од Државниот завод за статистика.

Од таму велат дека во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување.

Би можело да ве интересира

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

Орце Костов

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

Орце Костов

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

Пописот завршува, во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата и апликацијата за самопопишување на дијаспората

А1он

Попишани се 1.768.710 граѓани, оние кои не оствариле контакт со попишувачите да се јават во пунктовите за попишување во општините

А1он