А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пописот на населението догодина ќе чини најмалку 522 милиони денари

by А1он09/06/2019 - 19:0110/06/2019 - 08:18357
Share0

Собраниската Комисија за европски прашања утре треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање.

Добивај вести на вибер

Како што стои во предложениот текст, согласно Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања 2018 – 2022, Државниот завод за статистика во април 2020 година треба да го спроведе деветтиот Попис на населението, становите и домаќинствата на територијата на Република Северна Македонија.

Според Предлог-законот, пописот ќе предизвика финансиски импликации врз државниот Буџет и тоа: оваа година, наредната (кога ќе се спроведува попишувањето), како и во 2021-ва (за прибирање, обработка и печатење на податоците од Пописот и нивно дисеминирање). Поради тоа, треба да се обезбедат вкупно 522.751.000 денари од кои 221,315,000 за 2019 година и 301,436,000 за 2020-та.

Во предлог-текстот не пишува колку пари ќе бидат потребни за 2021 година, кога ќе се обработуваат податоците од Пописот.

Вообичаено е пописите да се спроведуваат на секои 10 години, и тоа во годините кои завршуваат на нула или еден. Последниот попис на населението, домаќинствата и становите во земјава беше спроведен во 2002 година. Во 2011 година почнатиот попис беше прекинат со одлука на Владата, наведува законското решение.

Во изминатиот период државава има спроведено осум пописи на населението: во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година.

popis

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

Горан Наумовски03/07/2025 - 18:25

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Горан Наумовски02/07/2025 - 14:18

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

Горан Наумовски02/07/2025 - 13:39

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Катерина Ѓуровски30/06/2025 - 12:28

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Горан Наумовски28/06/2025 - 13:46

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски29/10/2024 - 12:4629/10/2024 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен