Пописот ќе биде тапија за нашето постоење во РСМ, смета турската заедница

Од:

Турската заедница очекува попис без притисоци и манипулации, но и резултати кои ќе го утврдат нејзиното постоење во земјава, резултати кои ќе придонесат да биде позастапена во државните институции и турскиот јазик да се користи како службен на локално ниво заедно со другите јазици.

Во заклучоците по вчера одржаната работилница за Пописот 2021, турската заедница наведува и дека оваа статистичка операција има големо значење и за спроведување на Охридскиот рамковен договор, односно дека ќе придонесе за правична застапеност.

Турската заедница очекува пописот да се спроведе без политички влијанија, на слободен, правилен и транспарентен начин.

На работилницата се формира Национално координативно тело за пописот на турската заедница во РСМ, кој будно ќе го следи пописниот процес.

-Пописот претставува тапија на турската заедница во земјава, а резултатите директно ќе влијаат врз нашата иднина тука. Нашето мнозинство ќе ги спречи плановите за асимилација и политиките за негирање врз нашата заедница, пописните резултати ќе придонесат за заштита на нашето историско и културно наследство и за развој на културниот туризам, но ќе придонесат и за поставување на националното знаме на локално ниво во повеќе општини. Пописните резултати ќе предизвикаат голема мотивација и придонес за Турците во Балканот, за нашата матична земја Република Турција и за Турците секаде низ светот. Пописните резултати и нашето постоење во оваа земја ќе ги подобри долгогодишните пријателски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција и ќе ги издигне на повисоко ниво, стои во заклучлоците.

Под нив се потпишани Хусрев Емин, претседател на Сојузот на турските невладини организации вo Македонија (МАТУСИТЕБ), Бејџан Илјас, претседател на Демократска Партија на Турците (ТДП), Енес Ибрахим, претседател на Движењето на Турците (ТХП), Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ), Аднан Ќахил, поранешен министер, Хафза Реџеп Какел, поранешен член на комисијата за попис, Фуркан Чако, поранешен министер, Фадил Хоџа, ректор на Меѓународниот универзитет Визион, Муртеза Сулооџа, директор на весникот Јени Балкан, Сејјид Емин, главен уредник на ТајмБалкан, Тахсин Ибрахим, поранешен претседател на МАТУСИТЕБ, Сулејман Баки, поранешен претседател на МАТУСИТЕБ, Исмаил Јахоски, пратеник во Собранието на РСМ, Фуркан Пурде од Вардар Прес, Онур Лоч, претседател на ТГК и Илкер Јусуф од Балкан ФМ Радио.

ТХП не се согласува единствено со 13. заклучок од финалниот документ кој вели дека застапеноста на турската заедница во земјава е седум проценти согласно научните истражувања спроведени од МАТУСИТЕБ, ТДП, ТМБХ и други институции, организации, академици и претставници.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски