Пописот е основа за креирање политики во сите области

Од:

Пописот не значи пребројување на населението по етничка основа, туку е статистичка операција која дава увид во состојбата на теренот и обезбедува релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат понатамошните политики и стратегии во сите области, оваа поента беше истакната на вчерашната дебата во Струмица „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“.

Панелисти на дебата беа Цветанка Иванова, правник, Јоже Христов, д-р Катерина Кузмановска и Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование. Д-р Кузмановска се осврна на важноста од релевантни статистички податоци во здравството кои би биле обезбедени со пописот.

„Во моментот, кога не знаеме колку вкупно жители имаме во општината, не можеме да дадеме точни податоци за наталитетот, морталитетот и фертилитетот во заедницата. Во здравството вршиме одредени истражувања кои покажуваат дека природниот прираст на населението е намален, но сепак, не можеме да говориме за точен процент, затоа што не знаеме дали има промени во однос на вкупниот број на население во општината“, истакна Кузмановска.

„Целта на кампањата е да им се објасни на граѓаните дека пописот е многу поважен отколку што се прикажува во јавноста и дека тој е многу повеќе од етничко пребројување на заедниците. Податоците од пописот кои требаше да ги имаме треба да и помогнат и на државата и на општините да ги планираат политиките во сите области. Нашето истражување покажува каде податоците можат да бидат корисни и зошто без нив е многу тешко да се креираат политиките, односно зошто на Владата и одговара да нема податоци за попис, бидејќи на тој начин се остава еден бришан простор за водење на своеволни политики. Со кампањата сакаме да ги поттикнеме граѓаните да бараат пописот да се случи што поскоро“, потенцираше Маричиќ.

„Македонија е една од ретките земји која веќе 12 години нема спроведено попис, со што покажува дека не е способна да организира една статистичка операција и не ги исполнува меѓународните обврски. Според светските стандарди, пописи на населението се одржуваат на секои десет години. За неуспешниот попис се потрошени 14 милиони евра за разлика од успешно спроведениот попис во 2002 кога биле потрошени 7 милиони евра“, истакна Цветанка Иванова.

Дебатата е дел од кампањата „Попис веднаш“!,организирана од страна на НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија. Наредната дебата ќе се одржи во Битола, на 9 јуни, во просториите на МКЦ со почеток во 11.30 часот.

Извор: Попис веднаш

Би можело да ве интересира

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

Орце Костов

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

Орце Костов

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

Пописот завршува, во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата и апликацијата за самопопишување на дијаспората

А1он

Попишани се 1.768.710 граѓани, оние кои не оствариле контакт со попишувачите да се јават во пунктовите за попишување во општините

А1он