Попис во Македонија нема ни догодина

Од:

Во нацрт-буџетот за наредната година нема предвидено пари за попис. Ниту во ставката на Државниот завод за статистика (ДЗС) ниту, пак, кај Државната изборна комисија(ДИК), кои, според некои шпекулации, би можеле да го спроведат пописот. Во нацрт-буџетот за 2015 година за ДЗС предвидени се нешто повеќе од три милиони евра, кои се премалку за спроведување попис, за разлика од оној за 2011 година кога биле предвидени речиси 12,5 милиони евра, пишува Мета.

Во нацрт-буџетот за идната за година за ДИК се предвидени само еден милион и 62 илјади евра, од кои 650.000 евра се за изборни активности. Она што тука влева доза сомнеж, е што во буџетот на ДИК има пари за избори иако за 2015 година не се предвидени никакви избори.

Според информациите на „Дневник“, формуларот во форма на прашалник со кој ДИК ќе го прочистува избирачкиот список, кој би бил користен при теренските проверки, по многу нешта потсетува на цела група прашања кои се вообичаени за попис.

Експертите предупредуваат дека последиците од неспроведувањето на попис можат да бидат големи: погрешна политика на регионален развој, развиваање несоодветни образовни политики, немање информации за состојбите со миграциите и со економскиот и инфраструктурниот развој, нерелевантен избирачки список и многу други.

Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС и демограф, вели дека за спроведување попис потребни се темелни подготовки и барем една година претходно да се донесе Закон за попис и да не се прават никакви територијални поделби. Според него, ДИК не може да спроведе попис затоа што тоа е работа на ДЗС.

– За спроведување попис, потребни се темелни подготовки за кои се потребни од една до две години. Нереални се барањата да се спроведе попис до крајот на идната година, бидејќи освен политичка волја, потребна е и стручна подготовка, што не се стекнува за два, три или четири месеци – вели Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

Орце Костов

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

Орце Костов

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

Пописот завршува, во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата и апликацијата за самопопишување на дијаспората

А1он

Попишани се 1.768.710 граѓани, оние кои не оствариле контакт со попишувачите да се јават во пунктовите за попишување во општините

А1он