Попис на водомери во Куманово

Од:

Четири екипи на Јавното претпријатие „Водовод” деновиве на терен спроведуваат втора фаза од пописот на водомерите на корисниците на услугите, опфаќајќи ги и правните субјекти и физичките лица.

Акцијата, како што информираат надлежните има за цел да ја утврдат точната бројка на корисници во Куманово.

Пописот е обемен, соопштуваат од „Водовод“ и треба да се спроведе детално во неколку фази за да ги прикаже податоците со кои во иднина можат да се планираат приходите на претпријатието.

– Оваа е втора фаза од спроведувањето на пописот на водомери. Во моментов, екипите одат на терен во оние делови и населби од градот каде што корисниците користат и вода од „Водовод“, но и вода од бунари и бушотини. Наша цел е да утврдиме која количина се троши од претпријатието, а колку од бунарите, за да добиеме податоци за потрошувачката на вода во градот, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски.

Во централното градско подрачје, целосно е завршен пописот. Во поголемиот дел од градот евидентирани се домаќинства кои користат вода од претпријатието и кои во најголем процент редовно ги плаќаат сметките. И правните субјекти редовно си ги плаќаат сметките.

– Согласно нашата евиденција имаме зелена зона каде што состојбата е регуларна, жолта зона каде дел од корисниците велат дека користат и вода од бунари и бушотини и портокалова зона каде што има евидентирано нелегални приклучоци за кои планираме да преземе соодветни мерки за приклучување кон системот, што подразбира и плаќање на обвските кон претпријатието, објасни Стојковски.

Оваа акција, според Стојковски е дел од сетот мерки кои се преземаат за да се подобри ефикасноста на претпријатието и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.

ЈП “Водовод”,евидентира 31.500 водомери,од кои 28.000 ги користат физичките лица,а 3.500 правни лица.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он