Поништено гласањето само на места каде Жерновски имал предност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги обжали, а Управен суд го поништи гласањето на 29 избирачки места во Центар.

И тоа, доколку направите анализа, се само места каде што Андреј Жерновски има предност или поголема доверба од граѓаните на Центар, од Владимир Тодоровиќ.

И сега, со поништувањето Тодоровиќ и Жерновски, стартуваат од изменети позиции. На прегласувањето Тодоровиќ излегува со предност од 434 гласа.

Од ова излегува, бидејќи половина гласачи места во Центар се поништени, дека неправилности и фалсификати имало, само на оние места каде резултатот за опозицискиот кандидат е подобар.

А и образложенијата, дека се вршел притисок на некои лица од некаде, се легитимирале, а полицијата не интервенирала, одборите молчеле, го отвора прашањето кои се тие лица, кој експресно им издаде лични карти, кој ги сместуваше во еден стан по 10-тина, 20-тина лица.

На пример во стан на улицата „Максим Горки“, беа пријавени 60 лица од Мала Преспа. Kој раководи и кој и дава задачи на полицијата? Кој ги носеше и штитеше овие лица од друга држава да можат да гласаат?

За потсетување некои од овие лица, како што Управните судии ги именува, беа угостени најљубезно и од носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ за Центар.

Управниот суд, кој треба, како и секој суд да суди според закони, поништи 8.349 гласа за Андреј Жерновски и 6.934 за Владимир Тодоровиќ.

И по овој скандал, претседателот на Управниот суд си даде оставка. И за него одлуките не беа сфатливи, исто како и за некои членови на ДИК, кои се исто така правници. Неговото место е пополнето веднаш.

Граѓаните на Центар сега се и во голема недоумица, и прашањето е кој треба да гласа, каде, и она што се шири по социјалните мрежи, до кога? Прашуваат, дали додека кренат раце и биде избран кандидатот на власта, независно дали месец, два или повеќе ќе се прегласува.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада