Поништени незаконски издадените лични карти пред последните избори

Од:

МВР ги поништило личните карти за кои се утврдило дека се издадени на незаконски начин, со цел да се злоупотребат за гласање на претходните избори. Детектирани се и многу слабости во начинот на издавањето на документите, како и при впишувањето на живеалишта и престојувалишта, објави телевизија Телма.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека за да се прочисти целосно избирачкиот список ќе треба да се бара системско решение за поврзување на институциите со цел да се отстрани човечкиот фактор при раководењето со овие документи и системи. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, пак, рече дека веќе се работи на такво решение.

Чичаковски потенцираше дека, степенот на точност на овие податоци зависи од точноста на податоците кои ги добиваат од МВР, Управата за водење на матична евиденција, Регистарот на улици, Катастарот и судовите. Во ажурирањето на списокот помогнале и локалните референдуми.

Пред овие избори нема да има активна регистрација, односно ставање на спорните 28.000 гласачи на посебен список со барање самите да се пријават, иако по претходните избори беа вратени во избирачкиот список. Вели дека, за тоа е потребна политичка одлука и измени во Изборниот законик, за кои сега нема време. Смета дека редовното ажурирање на списокот, ќе даде добри резултати, но на претходните избори имаше низа пропусти околу вкрстувањата на податоците од институциите, што доведе до тоа, првпат лица што имаат право на глас да не се пронајдат на списокот. Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, смета дека за тоа е најдобро сепак да се направи активна регистрација.

Откако ќе се распишат изборите, списокот со новата состојба ќе се стави на јавен увид, а ќе се достави и до партиите, кои ќе имаат рок од пет дена да ги достават забелешките.

На последното ажурирање, бројот на гласачи во избирачкиот список бил 1.820.000 гласачи и веројатно таа ќе биде и конечната бројка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас