Помошта од Македонија за Србија и БиХ продолжува

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за помош на Република Србија и Босна и Херцеговина заедно со Агенцијата за стокови резерви и Бирото за лекови  презеде активности за нивно обезбедување и транспорт и таа е доставена до крајните дестинации.

Во Република Србија испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на ДЗС, два гумени чамца, 15 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута.

Од Министерството за одбрана испратен е тим од 15 лица, како и по пет пластични чамци и агрегати за струја.

Од Министерство за внатрешни работи во Србија на 18 мај упатен е хеликоптер со 15 припадници на Министерството. Ангажираните лица се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Обреновац.

Во Босна и Херцеговина од ДЗС испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на Дирекцијата, два гумени чамца, 13 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута.

Од Министерство за внатрешни работи во БиХ упатен е тим од 15 спасувачи од ова Министерство.

Од Министерство за одбрана испратени се 3.000 ќебиња и разни видови лекарства.

Ангажираните лица во Босна се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Брчко, се наведува во соопштението. 

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски