Помош за станарите од опожарената зграда во населбата Даме Груев

Од:

Вработените во општина Ѓорче Петров излегоа на терен за да им помогнат на жителите од населбата Даме Груев, лоцирани на улицата „Лука Геров“ зграда бр.40/4, чии станови беа опожарени во неделата.

Како што информира општина Ѓорче Петров, градоначалникот Сокол Митровски примил претставници од оштетените станари кои побарале општината да им помогне во рамки на своите можности. Жителите побарале бојадисување на главниот влез, промена на стаклата во влезот, чистење и санација на фасадата на зградата…

Пожарот, кој избувнал на вториот кат, се проширил брзо и на останатите два ката од зградата на улицата „Лука Геров“ во населбата Даме Груев. Дел од станарите кои веднаш биле хоспитализирани во Клиничката болница „Мајка Тереза“ се во стабилна состојба. Засега причините за пожарот, кој избил во стан број 3 не се познати.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски