Помош од Куманово за настраданите во невремето во Скопје

Од:

Општина Куманово испрати две противпожарни екипи и уште една екипа од ЈП „Водовод“ со три лица за интервенција во зафатеното подрачје од невремето што синоќа го зафати Скопје и првична помош на засегнатото население.

– Претпладнево одржавме состанок во општина Куманово со надлежните од локалната власт и јавните претпријатија од градот и испративме две возила од ТППЕ Куманово со осум луѓе, две пумпи и едно возило-цистерна за извлекување вода со екипа од тројца вработени од ЈП „Водовод, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Илиевски нагласи дека ова е првична помош од општината и дека надлежните институции од општината се во состојба на подготвеност и ќе се чека на насоките на надлежните институции за каква било понатамошна интервенција и помош за граѓаните од засегантото подрачје по синоќешното невреме кое го зафати Скопје.

Денеска и граѓаните преку социјалните мрежи се организираат да помогнат на населението од зафатените подрачја.

Унијата на жени и Унијата на млади сили од ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска на градскиот плоштад организираа собирна хуманитарна акција за населението кое претрпе штети од невремето што го зафати Скопје. Акцијата информираше потпретседателот на Унијата на млади сили на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Перовиќ започна во 14 и ќе трае до 19 часот.

– Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите граѓани кои што се во можност да донираат вода или хигиенски средства кои ќе ги поделиме на настраданите семејства, изјави Перовиќ.

Би можело да ве интересира

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски

Невремето предизвика големи штети во струмичко

(ВИДЕО) Бура во САД, има загинати и повредени, штетата е голема

(ВИДЕО) Големо невреме во Србија: Хаос на автопатот Милош Велики

Горан Наумовски