Помош од Бугарија за справување со пожарите

Од:

Хеликоптер МИ17 со екипаж од 12 лица, испрати Република Бугарија во Македонија како помош за справување со пожарите.

Помошта ја побара Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а бугарскиот тим беше пречекан од премиерот Зоран Заев и од претставници на ДЗС и на Армијата на Република Македонија.

По пречекот е извршена координација и хеликоптерот е упатен на соодветна локација, за гаснење на пожарот во општина Македонски Брод.

Како што соопшти ДЗС, Македонија деновиве ја зафатија пожари од големи размери, но и покрај ангажираноста на тимови за заштита и спасување и воздухоплови, побарана е дополнителна помош од Бугарија.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче