Помор на риби во Вардар, инспекторите на терен

Од:

Помор на риби денеска е забележан по течението на реката Вардар кај населбата Аеродром. По првичните проценки на инспекторите од Град Скопје, кои заедно со екипи на „Водовод и канализација“ излегле на терен, се дека загадувањето доаѓа од кругот на поранешна Железара.

На официјалната Фејсбук страница на Град Скопје, каде информираат за направениот вонреден инспекциски надзор, се наведува дека ќе следуваат вонредни инспекциски контроли во кругот на „Железара“, а одговорните субјекти ќе бидат соодветно санкционирани.

– Поради помор на риби по течението на реката Вардар во Аеродром, дежурните инспектори од Инспекторат на Град Скопје заедно со екипи на ЈП „Водовод и канализација“ веднаш излегоа на увид на терен. Од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се земени примероци од водата за испитување. Првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“, пишува на Фејсбук страницата на Град Скопје.

Од компанијата „Макстил“ вечерва преку соопштение информираа дека по информациите за загадување на Вардар со отпадни води, нивни екипи задолжени за заштита на животната средина веднаш излегле на терен и земени се мостри од влезната и излезната точка на индустриската вода.

– Истите се предадени на овластени надворешни лаборатории за испитување, меѓутоа првичните резултати покажуваат дека водата на влез и на излез од Макстил е бистра и без видливи примеси. Веднаш штом ќе ги добиеме резултатите од извршените мерења од акредитираните лаборатории, ќе ја информираме јавноста за истите, стои во соопштението од „Макстил“.

Би можело да ве интересира

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски

ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Горан Наумовски

Голема потрага по жена која скокна во Вардар

Горан Наумовски