Помирувањето има поддршка од европратениците, предлог законот до крајот на неделава

Од:

роцесот за помирување во насока на евроатлантските интеграции на Република Македонија доби силна поддршка од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн, кои денеска имаа средби со собранискиот спикер Талат Џафери, потпретседателите, кординаторите на пратеничките групи и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од европратениците и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој ги придружувал, добиле охрабрување и насоки за продолжвање во правецот во кој се движат.

– За нас како осум независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ тоа има големо значење и покажува дека сме на вистинскиот правец, и дека процесот кој тече во државата во однос на процесот на интеграции, на реформи и на помирување е токму вистинскиот пат по кој мора да се движи Македонија. Ова се историски моменти, препознаени од сите, и од нас осумте пратеници, рече Александрова.

Таа додаде дека од страна на нивната група било истакнато дека ова се сензитивни моменти за македонскиот народ и оти нема место за импровизации и манипулации со националните чувства на народот.

– Сите мора да бидеме искрени и да веруваме во овој процес затоа што ние немаме резервна држава, а нашата држава РМ мора да се движи напред кон евроатлантските интеграции, посочи Александрова.

На новинарско прашање таа појасни дека во разговорите со Мекалистер и Флекенштајн бил појаснет концептот на телото со сите три подгрупи за што вели добиле апсолутна поддршка, а било истакнато дека се очекува подобрување на општата атмосфера особено процесот на помирување, кој вели, е пресуден за нашата држава.

– Ние сме транспаренти и се надеваме дека со таа транспарентност ќе охрабриме повеќе пратеници да се вклучат во овие процеси, рече Александрова.

Таа најави дека подгрупата треба да одржи состанок до крајот на неделава кога очекува да биде поднесен предлог законско решение за амнестија во врска со настаните од 27 април.

Запрашана дали ќе останат до крај поддржувачи на уставните измени, Александрова рече дека реформите, интеграциите и помирувањето одат заедно, бидејќи еден без друг нема да дадат квалитетно решение кое е потребно за државата.

-Затоа очекувам и верувам дека сите учесници во овој процес како и досега ќе останеме доследни ќе покажеме разумниост и секој во својата сфера ќе си придонесе да се реализира комплетно овој процес, нагласи пратеничката Емлија Александрова.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада