Помирување на дело – пратениците си споија 10 дена за одмор

Од:

Лутите противници од парламентарната говорница, се единствени кога се работи за нивните привилегии и права. И додека за другите вработени, денеска или утре е нов работен ден, тие се договорија и си доделија мини празничен одмор.

Во петокот на 28 декември, истуркаа се за да се ослободат 10 дена. Убаво одморени на работното место, за што се солидно платени ќе се појават на 9-ти јануари.

Дали некој од нив го видел Законот за пратеници, кој освен права за кои се максимално ангажирани, има предвидено и обврски за народните избраници. Па така член 22 пропишал дека работното време на пратеникот, по правило, трае 40 часа неделно.

Значи по правило како и за сите други вработени, но кај пратениците тоа е редовно исклучок, затоа што седниците започнуваат во 11, а траат до 18 часот. Ретко кој пратеник доаѓа на време и се доцни со почетокот.

Комисиите, како по договор, се закажуваат во различни денови, за да можат пратениците само за доаѓање и потпис, да си ги земат дневниците и патните трошоци. Па доаѓаат и членовите и замениците на почетокот, а потоа тешко се собираат за кворум.

И петокот, кој е определен за контакти со граѓаните, ретко кој го почитува, па цели осум часови да им бидат на располагање на оние кои ги избрале.

Како што вели народот, „Сложни попови и во петок мрсат“, така и пратениците, иако поради лавината реакции се повлекуваа, се договараа како да си изгласаат сигурно место во администрацијата и други права по престанување на мандатот.

Сигурно веќе работат на план Б, како и кога, со најмала штета на рејтингот да си изгласаат ваков закон.

Првата активност сега по одморот е на 9-ти јануари, кога по цела една година, најден е заеднички јазик законското решение за за минерални суровини.

Законот е предложен од група пратеници од мнозинството, а кој содржи експлицитна забрана за експлоатација и преработка на минерални суровини со примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции.

Веднаш потоа започнува последната фаза од уставните измени. Со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во собраниската дебата, брзо ќе дојде до гласањето за што се потребни 80 пратенички гласови.

Би можело да ве интересира

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство