Померој: Проблемите да се решаваат во контекст на собраниското работење

Од:

Отворените прашања, како што беше тоа со буџетот, треба да се решаваат во собраниска процедура, согласно владеењето на правото, смета Ерл Померој, поранешен американски конгресмен и член на Комисијата за поддршка на демократијата која е ангажирана и на соработка со Македонија.

Според Померој, и американскиот Конгрес честопати се соочува со тешкотии во работата, но мора да се има почит за владеењето на правото и демократскиот процес.

– Собранието се гради за да се решат тешките политички прашања. Тоа што се случува во Конгресот на САД или во Собранието на Македонија, покажува колку се тешки прашањата што треба да се решат и колку заплеткан може да биде политичкиот процес, вели Померој.

Според него, најважно е никогаш да не губиме доверба во демократијата. – Овие институции ја одразуваат волјата на народот и проблемите мора да се решат, според владеењето на правото, во контекст на собраниското работење, истакнува Померој, поранешен долгогодишен претставник на Северна Дакота во Конгресот на САД.

Померој, како истакнат член на Демократската партија, смета дека во вториот мандат на претседателот Обама се влегува со зацврстена сигурност за македонското место во НАТО.

– Имаше период на време, на почетокот на милениумот, кога вратите на НАТО беа отворени и карактерот на Алијансата се смени многу бргу и притоа имаше загриженост за членките кои не се во НАТО. Мислам дека сега има повеќе консензус и увереност до каде ќе биде досегот на проширување на НАТО и дека постепеното проширување со земји како Македонија, која многу јасно покажа дека треба да влезе, е позитивна работа, смета Померој.

Според него, акцентот на работата на новиот државен секретар Џон Кери ќе биде кон Европа, како централна компонента на ангажманот на САД.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски