Положени цвеќиња пред споменикот на загинатите во земјотресот во Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Гордана Клинчарова, денеска, на Градските гробишта во Бутел, положија цвеќиња во спомен на загинатите во земјотресот, што го разурна Скопје 1963-та година.

Цвеќе положија и официјални делегации на: Собранието на Република Македонија, на Владата на РМ, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од Министерството за култура на РМ, Министерството за одбрана на РМ, претставници на повеќе скопски општини, претставници од неколку Јавни претпријатија, претставници од партиите во Република Македонија, членови на Црвениот крст на град Скопје, како и официјални делегации на повеќе земји во нашава република, меѓу кои: Амбасадата на Франција, Амбасадата на Холандија, Амбасадата на Велика Британија, Амбасадата на Германија, Амбасадата на Турција, Амбасадата на Италија, Амбасадата на Хрватска, Амбасадата на Полска, Амбасадата на Србија, Амбасадата на Словенија, Амбасадата на Русија и претставници од делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

Во 9 часот во Домот на Армијата почна традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје, што ќе трае до 17 часот.

Вечер, во Музејот на град Скопје, во 19 часот, ќе биде реализирано литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 21 часот, свечено ќе биде отворена изложбата „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје“.

На отворањето на изложбата ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а сите активности што ќе бидат реализирани денеска се во знакот на одбележувањето на 49 годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963-та година.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески