Половина милион спорни гласачи пронајдени во вкрстената проверка на ДИК

Од:

Околу половина милион гласачи се спорни на Избирачкиот список, велат извори од ДИК за А1он.

Според нив, околу 200 илјади се фиктивни гласачи, односно ги има во базата на МВР, но не и во останатите бази на податоци.

Ова значи дека треба да подлежат на дополнителна проверка. Податокот за спорни 500.000 гласачи е резултат од вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и другите институции.

Со ова се доведува во прашање и тајмингот на теренската проверка на спорните гласачи. Државната изборна комисија на вчерашната седница не го усвои извештајот со резултатите од вкрстената проверка на податоците.

Засега се знае дека проблеми за усвојување на извештајот правеле единствено членовите од владејачката партија, додека другите членови на ДИК сакале да се усвои извештајот. Иако вкрсената проверка требаше да заврши за максимум 10 дена, до сега се поминати две недели и извештајот за проверката се уште не е изгласан.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на избирачкиот список, каде голем број граѓани најдоа фантомски гласачи во своите домови, излезе со соопштение дека фантомски гласачи во Македонија нема и дека СДСМ оркеститрано шири хистерија за фантомските гласачи.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште