Половина милион евра за подобрување на работата на ЈП „Комунална хигиена“

Од:

Одлуката за давање согласност за изменување и дополнување на инвестициската програма на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година ќе се најде на утрешната седница на Советот на Град Скопје.

Со оваа одлука се предвидува набавка на две специјални возила за собирање и транспортирање на комунален смет и странично подигнување на канти со смет, со капацитет од 2.200 и 3.200 литри. За набавката на овие две возила се зголемува оваа ставка во инвестициската програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година за 24 милиони денари или околу 400.000 евра.

Покрај набавката на нови возила, со измените во инвестициската програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година, се предвидува и набавка на 6.000 нови корпи за отпадоци за што се предвидени шест милиони денари или околу 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Опожарени контејнери во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Отстранети 25 кубни метри отпад од Старата скопска чаршија

Ана Ололовска

Мазнева: Блокирањето на програмите на Комунална хигиена во Советот на Град Скопје е реваншизам

Ана Ололовска

„Комунална хигиена“: Заостанат долг може да се плати без камата заклучно со 31 март

Ана Ололовска