Половина „Идризово“ не гласаше

Од:

Речиси половина од затворениците во затворот „Идризово“ не го остварија правото на глас бидејќи нивните имиња ги немаше на избирачкиот список. Заради безбедосни причини беа спроведувани во помали групи до просторијата за посети каде беше сместена Изборната комисија, но дел од нив не можеа да се најдат на списокот, известува Телма. Директорот на затворот вели дека тие постапиле според нивните надлежности и обврски.

– Ние, документите на сите затвореници, 1.200 на број, без странците, ги проследивме преку Министерството за правда до Државната изборна комисија. Зошто се само 609, за тоа најубаво е да се обратите до нив – рече Живко Пејковски, директор на КПД Идризово, за Телма.

Од Државната изборна комсија велат дека оние лица кои ги нема на избирачкиот список се затвореници кои подолго време се во затворот и не поседуваат важечки биометриски документи, па затоа и не можеле да го остварат право на глас. Инаку избирачкото место во затворот беше отворено навреме и гласањето се одвиваше мирно и без инциденти.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада