Полни сместувачките капацитети во Дојран

Од:

Дојран по традиција главната туристичка сезона ја има во периодот на одбележување на големиот празник „Илинден“.

За прославата на 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ, најголемиот дел од туристите во Дојран пристигнаа денеска, за да ги проследат бројните,пред се, културни настани.

Од туристичкото биро потврдија дека сместувачките капацитети во приватниот сектор се полни, а слободни места може да се најдат само во комерцијалните објекти.

Богатата културно-уметничка програма што ја најави градоначалникот Борче Стамов, ќе почне утре претпладне во просториите на Музејот од Првата светска војна со изложба на слики во организација на Шведската амбасада во нашата земја, а ќе продолжи на пладне со пиротехнички ефекти кои припадниците на АРМ ќе ги изведат на Дојранскиот фронт.

Програмата, како што е најавено, ќе заврши утревечер со спектакуларен концерт на српската естрадна ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, што ќе се одржи на стадионот „Истатов“ во Нов Дојран.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска