А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Полнач за мобилен предизвика пожар во стан во штипската населба Сењак

by А1он03/06/2014 - 16:16119
Share0

Во штипската населба Сењак попладнево се случи пожар во гарсоњера во станбена зграда спроти спортската сала „Јордан Мијалков“.

Добивај вести на вибер

Во пожарот нема повредени. Чадот кој излегувал од станот го виделе соседите, кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и на брзата помош.

Огнот го зафатил креветот и постелнината, а очевидци велат дека станот бил спасен благодарение на брзата интервенција на пожарникарите.

Според првичните информации пожарот е предизвикан од полнач на мобилен телефон. Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиев апелира до сите граѓани да не ги оставаат вклучени овие апрати додека не се дома за да не дојде до пожар.

– Осум пожарникари учествувавме во акцијата, а за да не се направи поголема штета пожарот не го гасневме со вода, туку со противпожарни апарати, вели Патраклиев.

Тој апелира граѓаните да внимаваат што им е вклучено во нивните домови, со цел да немаат штета, но и да нема опасност од поголеми катастрофи.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто