Политичките партии водат неформални консултации за текстот за Изборниот законик

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека политичките партии во моментов водат неформални консултации за текстот за Изборниот законок.

-Во изминатиот период Министерството за правда ја предводеше Работната група за имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик. Одржавме состаноци на кои беа присутни претставници на политички партии и на институции, кои имаат надлежности во изборниот процес како ДКСК, Државен завод за ревизија, Завод за статистика…, и ги слушнавме сите нивни забелешки и предлози за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, рече министерката Дескоска одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи дека она што било возможно без уставни измени да се прави го ставиле на хартија и направиле текст којшто е циркулиран во рамките на Работната група, а потоа повторно одржале состанок и последниот текст којшто го затвориле, како што рече Дескоска, е спремен да оди во Собрание.

Министерката за правда додаде дека по него во моментов се водат неформални консултации меѓу политичките партии.

– Сметам дека е добро пред да се пушти било што од Собранието да имаме конечен фидбек од релевантните политички партии дека се согласуваат со тој законски текст со цел да имаме усогласен текст што ќе се пушти во Собранието. Штом добиеме повратно од главните политички партии во опозицијата мислам дека ќе бидеме спремни. Но тајмингот не зависи од нас, туку од нив и од она што ќе го добиеме како повратна информација, рече Дескоска.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто

Измените во Изборниот законик не поминаа во Собранието поради Бадентер

Катерина Ѓуровски

Независните да треба да соберат потписи од 0,5 проценти од запишаните избирачи, помина амандманот на Левица

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Препораките од ОБСЕ/ОДИХР се вградени во Изборниот законик, вели Филков