Политичките партии од Гевгелија ќе ги добијат парите за локалните избори 2017

Од:

Советот на општина Гевгелија донесе одлука да им ги надомести трошоците на организаторите на изборната кампања за локалните избори што се одржаа 2017 година.

Од општинскиот буџет на политичките партии им следуваат по 15 денари за секој добиен глас,така што според вкупно добиените 15.593 гласа за членови на Советот и за градоначалник, на коалицијата на СДСМ треба да и бидат исплатени 233.895 денари, а на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за освоени 10.928 гласа ќе и се исплатат 163.920 денари.

Групата независни избирачи која беше предводена од Томе Ќичуков за освоените 1.989 гласа ќе добие 29.835 денари, а најмалку според конечните резултати од ДИК ќе добие Левица на која за освоени 340 гласа ќе и бидат исплатени 5.100 денари.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно