Полио Плус: Потребна е поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени текови

Од:

Во организација на движењето против хендикеп „Полио Плус“, денеска во просториите на прилепското средно економско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп, беше организирана панел дискусија.

Тема на дискусијата, на која учествуваа и градоначалникот Илија Јованоски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и пратеникот Хари Локвенец, беше разоткривање на прашањето на хендикеп во областа на социјалната заштита.

На панел дискусијата, која имаше регионален карактер, учествуваа и организации на лица со хендикеп и родители на деца со хендикеп од Прилеп и Битола, а се дискутираше за социјалната заштита и обврските кои ги имаат општините, согласно ратификуваната Конвенција за правата на лицата со хендикеп.

Според Елена Кочоска од „Полио Плус“, на Македонија како држава, и на општините, им претстојат многу предизвици кои ќе бидат надминати само со заедничка работа. Тоа подразбира поголема ангажираност и поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени текови и, воедно, да имаат улога на активни преговарачи со локалната самоуправа.

– Со процесот на децентрализација, општините имаат обврска да започнат креирање на сервиси за поддршка на граѓаните со хендикеп, како и да развие различни регулаторни механизми кои на граѓаните со хендикеп ќе им овозможат поактивно вклучување не само во процесот на креирање на сервисите, туку и во процесите на нивно спроведување, мониторнг оти евалуацијата. Воедно, на денешната дискусија беа презентирани и резултатите од теренот, во поглед на размислувањата и видувањата на лицата со хендикеп и родителите на децата со хендикеп, во врска со социјалната заштита и колку таа е усогласена со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, изјави Елена Кочоска од „Полио Плус“.

Би можело да ве интересира

Почина Звонко Шаврески, член на Управниот одбор на „Полио Плус – движење против хендикеп“

Претседателот Пендаровски ја посети организацијата „Полио Плус”

Жарко Настоски