Полицска контрола на автобуси и комбиња во Полошко

Од:

Полицијата во Тетово исклучила од сообраќај 10 од 19 контролирани автобуси поради констатирани неправилности при вчерашна спроведена контрола, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Целата на контролите, како што рече, биле техничката исправност, односно неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници пред се автобуси и такси комбиња.

– Четири од контролираните автобуси имале неисправни сопирачки и веднаш се исклучени од сообраќај, а кај шест автобуси откриена е истечена регистрација. На 10-те прекршители изготвени им се соодветни налози и ќе се соочат со глоби, кои зависно од видот на прекршокот се движат од 400 до 500 евра во денарска противвредност. Покрај ова откриени се уште 18 други видови прекршоци од возила кои не вршеле јавен превоз, рече Јосифовски.

Слична контрола била спроведена и на гостиварското подрачје и со неа биле опфатени 21 возило. Од нив 15 возила биле упатени на вонреден технички преглед, на кој три не се јавиле.

– При прегледот кај три возила утврдена е техничка неисправност на сопирачките, додека две возила сообраќале со истечена регистрација. Констатираните прекршоци заокружени се со осум прекршочни налози и со пет исклучени возила. На гостиварското подрачје биле регистрирани и три други видови прекршоци, изјави Јосифовски.

Тој посочи дека целта на вчерашната акциска контрола спроведена во Полошко е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила кои претставуваат дел од јавниот превоз во Полог во пресрет на започнувањето на новата учебна година.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи