Полициско-родителски патроли синоќа во обиколка низ Тетово

Од:

Тетовската полиција синоќа во периодот од 22 до 24 часот реализираше дел од планираните практични активности во рамки на проектот „Мешани патроли-полиција и родители во обиколка на најпосетуваните места за ноќна забава на малолетниците“.

Полициски службеници, родители и претставници од медиумите заедно посетија неколку угостителски објекти во централното градско подрачје, претежно кафулиња, како и други локации каде најмногу навраќаат младите од Тетово.

Од полицијата очекуваат дека со овие активности ќе се подобри нивната соработка со граѓаните и медиумите и ќе има практичен придонес во намалувањето на малолетничкото претстапништво.

– Освен заедничката посета на кафулињата и другите места каде младите најчесто се забавуваат родителите на овој начин најнепосредно ќе се информираат за потенцијалните малолетнички ризици – конзумирање алкохол, учество во нарушувања на јавниот ред и мир и други социопатолошки појави кои за жал неретко се среќаваат и на поширокото тетовско подрачје изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Мешаните полициско родителски патроли ги посетија и дворот на градинката кај спортскиот центар и паркот во Ајдучко маало, како места на кои младите се собираат вон градскаат понуда на кафулиња и други угостителски објекти. Тука можеше да се забележи големо присуство на млади лица но и поголема количина на алкохол. Дел од младите велат дека ова е единствениот начин на збогатување на можностите за ноќна забава. Родителите кои беа дел од патролата велат дека ги знаат овие состојби и оти делумно се согласуваат со нивните причини за собирање на места надвор од градската врева, но и дека не можат да се согласат со времетраењето на нивните забавувања, како и количината на испиен алкохол.

Мешаните полициско родителски патроли во Тетово се реализираат втора година по ред. Носител на синоќешните активности ќе беше Отсекот за превенција на СВР Тетово во непосредна координација со Полициската станица Тетово. Следниот викенд вакви патроли ќе поминат и низ Гостивар.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство