А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Полициските Алфи во јуни привеле 205 лица по разни основи

by А1он03/08/2014 - 13:27129
Share0

Единицата за прв одговор и интервенција (ЕПОИ)-Алфа во јуни при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршила легитимирање на 539 лица, извршен е преглед на вкупно 109 патнички моторни возила, по разни основи приведени се вкупно 205 лица, а вкупно реализирани активности се 255.

Следете a1on на Instagram Instagram

По основ на телеграма приведени се 33 лица, по потраги, гласник, наредба од Основен суд приведени се 8,  под сомнение за извршено кривично дело 41, по извршено кривично дело 16,  на лице место во вршење на кривично дело 9, додека за издржување на казна затвор приведени се 16 лица,  утврдување на идентитет 3, недозволени предмети тројца и странски државјани со нерегулиран престој во Републка Македонија 8 лица.

Нема приведени лица со оружје, соопшти денеска МВР, но приведени лица за поседување опојни дроги се 17 и тоа за непозната тревкаста материја 15, за непозната прашкаста материја и таблети по едно лице.

„Алфите“ асистирале при вршење претрес на дом и други простории во  12 случаи при што се пронајдени:пиштол марка Црвена застава и 35 куршуми, ловна пушка со 17 (седумнаесет) патрони и гасен пиштол, рамка од автоматска пушка со 8 куршуми, кундак од пушка, пластитчен пиштол, 7 кесички прашкаста  и 1 со околу 500 грама прашкаста материја, два клуча од патничко моторно возило, брава од автомобил и мобилен телефон, како и пластичен сад со непозната растителна материја.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvr

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он25/11/2026 - 21:57

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 20:26

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

Горан Наумовски20/11/2026 - 09:01

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он18/11/2026 - 09:1318/11/2026 - 09:32

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски17/11/2026 - 18:0517/11/2026 - 18:06

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он15/11/2026 - 18:1515/11/2026 - 22:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео