Полициските „Алфи“ приведоа три лица барани по распишани потерници

Од:

Три лица, познати на полицијата, кои се бараа со распишани потерници за издржување затворски казни за различни тешки кривични дела, од загрозување на безбедноста до спречување избори и гласање, беа приведени од припадниците на мобилната единица „Алфа“.

Во Скопје, на улицата „Ќемал Сејфула“, пронајден е и приведен Јетон Р. (26), баран по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од вкупно тринаесет години и шест месеци. Пресудите му се изрекувани за повеќе кривични дела како неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства и други психотропни супстанци, даночно затајување, загрозување на безбедноста, употреба на исправа со невистинита содржина, измами и прикривања.

МВР денеска соопшти дека во вториот случај, на местото викано „Љубински пат“, лоциран и приведен е Исмет А.(41) од скопското село Сарај,  баран по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор во траење од една година за фасификување пари и за извршени повеќе тешки кражби.

„Алфите“ на улицата „Антон Попов“ го приведоа и Али А.(35) од скопското село Грушино, баран по наредба на Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор во траење од шест месеци за спречување избори и гласање, недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец