Кривична пријава против пет лица поради предизвикување пожари

Од:

Поднесена е кривична пријава против С.И.(48) и Ј.И.(49) двајцата од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „предизвикување шумски пожар“ бидејќи на 4. август во село Могилец во дворното место од куќа започнал пожар што потоа се проширил, при што биле опожарени две напуштени куќи, сандаци со пчели, но бил предизвикан и шумски пожар и била опожарена значителна површина со борова шума.

Од преземените мерки постојат сомненија дека пријавените фрлиле отпушок од цигари во сено и предизвикале пожар што подоцна се проширил, информираат од МВР.

Полициска станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе и посебен извештај против Д.К.(36) од село Косово, Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ , а во врска со пожарот настанат на 25. јули што најпрво започнал во ловечки објект, а подоцна се проширил на места викани „Бигор“, и „Круша“ над село Требовле.

Исто така Полициска станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе и Записници за констатирани прекршоци по член 54 од Закон за шумите до надлежен инспектор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство против две лица: Р.В.(61) од Скопје со престој во село Долно Зркле и против М.С.(82) од село Заград. Сторителите предизвикале отворен пожар во селата Заград и Зркле.

Би можело да ве интересира

МВР со детали за убиството во Македонски Брод: При чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум

Убиство во Македонски Брод: Убиен е 31-годишен професионален војник во АРМ

Ќерка со нож си ја ранила 76 – годишната мајка

СДСМ и коалицијата го презеде мнозинството во Советот на Македонски Брод

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

A1on

Домот на културата во Македонски Брод реализира пет проекти со финансиска подршка од Министерството за култура

А1он