Полициска акција на Клиниката за онкологија, одземени се компјутери и документација

Од:

На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат акцијата, но не откриваат детали.

Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата.

Неофицијално, од Онкологија се одземени компјутери и документација.

-По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело – велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше Клисаровска која тврди дека конзилиуми и колективни одлуки го отежнуваа работењето

Судење „Онкологија 2“ – Туфегчиќ: Доктор Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено

Горан Наумовски

Судење за аферата „Онкологија 2“: Одбраната на Васев со забелешки за вештачењето и лиценцата на експертот

Горан Наумовски