Полициските службеници при СВР – Охрид утре и задутре во периодот од осум до 12 часот ќе вршат гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид.
Според полициското соопштение, вежбовната активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво „Охрид“, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“.
Заради безбедност на активностите, пред почетокот на боевото гаѓање полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во зоната на дејство.
Од полицијата се апелира до граѓаните доколку во периодот на одвивањето на гаѓањето се движат во насока на стрелиштето да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и да се придржуваат кон насоките на полициските службеници.