А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Полицијата во Гостивар разбила „дувло“ на уживатели на дрога

by А1он11/09/2013 - 11:26139
Share0

Во акција на полицијата во стан во Гостивар откриена е група која уживала дроги. Сопственикот на станот е приведен и задржан во полициска станица Гостивар.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од СВР Тетово, информираат дека полициски службеници вчера околу пладне извршиле претрес во станот и помошните простории на гостиварецот С.М. (50) лоциран на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар.

– Претресот е реализиран со судска наредба, по претходни, оперативни сознанија, дека сопственикот бил инволвиран во недозволена трговија и злоупотреба на опојни дроги. Во спалната на станот пронајдени се вкупно 17 пакувања од најлонски кесечки со непозната прашкаста материја, најверојатно хероин. Тие биле сокриени под перницата и зад телевизорот. Во плакар во ходникот, пак, пронајдени се 7 медицински шприцеви со 12 игли, а во друга соба три пластични шишиња наполнети со вода и  затворени со алуминиумска фолија, информираат од СВР Тетово.

Во станот на С.М. за време на претресот се наоѓале уште пет лица: В.С. (28), Н.И (30), К.С (43) од Гостивар, С.Р (23) од Скопје и А.М (24) од Прилеп. Повеќето од лицата од претходно се познати како уживатели на наркотици.

Сопственикот на станот и петте затекнати лица приведени и задржани се во Полициската станица Гостивар, а пронајдените предмети се одземени и дадени на вештачење.

Следете a1on на Youtube YouTube

По целосното расветлување на сите поединости поврзани со случајот, најавени се и соодветни поднесоци.

droga

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:01

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он31/10/2026 - 13:47

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео