Полицијата вчера казни 535 возачи за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 535 возачи.

Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 321 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 214 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

„Возел“ 696 километри на час: Доби казна од 6.597 евра

МВР вчера казни 246 возачи во Скопје, 42 за брзо возење

186 казнети возачи во Скопје, 21 без возачка

275 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење

87 санкции за брзо возење

217 санкции за брзо возење