ВИДЕО: Полицијата уште ги вештачи дојавите за бомби од ноември, а по нив има десетици нови

Од:

Скоро месец и половина не се извештачени уредите од кои МВР се сомневаше дека се испратени дојавите за лажни бомби. Тие се одземени од Никола Николовски познат како Боемот, прв уапсен за кој знае јавноста. Незавршеното вештачење на лаптопот и телефонот значи дека Обвинителството и полицијата, уште ги проверуваат дојавите за бомби од месец ноември, кога Николовски беше уапсен. А од тогаш до сега, имаше уште десетици нови мејлови со лажни закани за поставени бомби.

„Од лицето Н.Н. одземени се два електронски уреда и истите сѐ се уште во постапка на вештачење“, велат од МВР за „А1он“.

Прашавме, но не добивме одговор колку вкупно уреди се одземени од лица кои досега се повикани во станица поради лажните дојави за бомби. МВР смета дека тоа се тајни податоци. Неофицијалните информации говорат дека во еден од мејловите стоело името и на извесен Бодан, тинејџер од Скопје. Тој исто бил повикан во станица, неговите уреди проверени и вратени во истиот момент.

Обвинителката Катерина Коларевиќ од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција која го води предметот за лажните дојави за бомби, не споделува повеќе информации за предметот. И таа ја префрли топката во МВР, кои се клучната алка за предметот да добие одлука.

„Уредите одземени од лицето за кое покажувате интерес се уште се вештачат, по добивањето на извешајот од вештачењето, предметниот обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука. Со оглед дека предметот во врска со дојавите за бомбите е во предистражна постапка во мемнтов не можат да се споделат детали“, вели Коларевиќ за „А1он“.

Претходно, Никола Николовски-Боемот во интервју за „А1он“ кажа дека уредите не му се вратени.

„Уредите ми ги проверија на лице место, а потоа и ми ги одзедоа. До ден денеска, кога ја снимаме емисијата, мојот телефон и лаптоп се кај нив. Јас имам уште неколку испити додека го завршам факултетот, а во тој лаптоп имам готови проекти кои ми требаат за професори, за да завршам со тоа поглавје од животот. Ги замолив уште истата вечер: ‘Ве молам проверете го лаптопот и вратете ми го бидејќи имам важни работи за на факултет’. Првично ми рекоа иако треба повеќе време, во мојот случај ќе го стават како приоритетен и дека за седум дена, максимум неколку недели ќе ги вратат уредите. Поминаа околу месец и 7-8 дена и немам никаков повик“, кажа Николовски за „А1он“

„Скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата“. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски прашан што се презема за да се најдат дојавувачите на бомби во трговски центри, училишта, институции, згради. Ковачевски појасни дека голем дел од дојавите се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски