Полицијата приведе десетина осомничени од Франкфуртската мафија

Од:

Царинската управа открила околу 350 килограми марихуана на граничниот премин Меџитлија, по што денеска следувале полициски акции во скопските села Арачиново и Сингелиќ. Во акцијата на МВР се приведени десетина лица на распит во полиција.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за продолжение на акцијата „Диригент“ за разбивање на организирана мрежа за трговија со дрога во градовите Виена и Франкфурт, која започна во 2010 година во Австрија и во Германија.

МВР соопшти дека и оваа акција е во соработка со австриската полиција.

Акцијата во јавноста беше попозната како „Франкфуртска мафија“.

Тогаш во оваа акција беа уапсени 29 македонски државјани, а највисоката затворска казна од 13 години му беше изречена на Спасе Димовски – Ајдукот, кој ја раководел мафијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи