Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода утрово уапсија 35-годишен скопјанец, баран со потерница за истрага за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-На 01.09.2021 во 09:30 часот на улица „Ангел Димовски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги го лишиле од слобода А. М. (35) од Скопје, кој се барал со потерница за истрага за сторено кривично дело по член 247 – „измама“ од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.