Полицијата откри нелегално сечење дрва во Тетовско

Од:

Над триесеттина метри кубни бесправно исечени букови и дабови дрва открила полицијата и претставници на ЈП „Македонски шуми“, подружница Лешница – Тетово при активностите спроведени изминатиот викенд на повеќе места на Сува Гора, општина Желино информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци најголемата количина нелегално исечени дрва била откриена вчера околу пладне во атарот на селото Ларце во месноста „Чам“.

– Тука биле пронајдени 16 просторни метри букови дрва исечени и расфрлани на поголема површина како и 14 поголеми букови стебла а нешто подоцна во дворот пред куќата на Р.Р.(50) во Желино биле пронајдени уште 5 просторни метри бука за кои тој не поседувал никаква документација рече Јосифовски.

Дента во атарот на селото Лешница во месноста „Под кале“, на приватен имот биле  пронајдени 7 просторни метри дабово дрво.

Акцијата на полицијата и претставниците на ЈП„Македонски шуми“ започнала уште во саботата кога во атарот на Мерово, во месностите „Јабланица“ и „Крстец“ биле пронајдени исечени и оставени 4 метри просторни бука.

– Пронајдените дрва се подигнати и предадени и се на Шумска полиција за натамошна постапка во рамките на која ќе се утврдува-кој, кога ги исекол дрвата и за што биле наменети. Координираните активности за откривање и законско санкционирање на нелегалното сечење, транспортирање и продажба на огревни дрва ќе продолжат и во следниот период, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он