Полицијата не им дозволи на Дамовски и Јовановски да внесат бурек и списанија во судницата

Од:

Пред почетокот на денешното судско рочиште за настаните од 27 април, се случуваше вистинска драма на пријавницата пред влезот во новата зграда на Кривичниот суд. Судската полиција, при контрола на обвинетите Владо Јовановски и Борис Дамовски од нивните ташни извади списанија, бурек и сок, и не им дозволи да ги внесат во судницата.

Обвинетиот, Борис Дамовски на тоа се спротивстави и рече дека списанијата не се електронски уред за да не може да ги внесе во судницата и оти тоа не е забрането.

На тоа следеше кратка расправија меѓу тројца припадници на судската полиција и обвинетиот Дамовски, во која Дамовски инсистираше да ги внесе списанијата.

Едниот од полицајците му рече да не се расправа и дека не може да му дозволи да влезе во судската сала со списанијата и во судницата е дозволено само внесување вода.

Полицијата претходно го извади бурекот од ташната на актерот Владо Јовановски, со истото образложение дека не смее да го внесува во судската сала. На тоа Јованвски се насмевна и рече дека можеби во бурекот има опасни материи. Расправијата создаде мала гужва пред судската пријавница, по што обвинетите се упатија без списанијата и храната во судницата.

На денешното рочиште според динамиката на судење, треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од обвинителството.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски