Полицијата ќе се вози со „Шевролет Спарк“

Од:

Министерството за внатрешни работи го склучи договорот за набавка за 100 нови патнички моторни возила „Шевролет Спарк“ со полицски ознаки (полициска изведба) со Аутомакедонија АД – Скопје.

Договорот е склучен откако, како што соопштија денеска од МВР, до истекот на сите рокови за жалби, никој од учесниците на јавното наддавање не поднел жалба до второстепената комисија. Пред потпишувањето на договорот била обезбедена и банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот од страна на носителот на набавката Аутомакедонија АД – Скопје.

Возилата согласно тендерските услови, мора да имаат четири резервни гуми, сингален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот.

Со склучувањето на договорот, започнува да тече рокот за испорака на возилата, кој  не треба да е подолг од 90 дена од стапување на сила на договорот. Првата рата на исплата на возилата ќе биде во рок од 30 дена од целосната испорака на возилата.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ