Полицијата казни 332 возачи на мотоцикли, одземени се 11 мотори

Од:

Во периодот од 8.8.2022 до 14.8.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 332 возачи.

Од нив, 224 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 51 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Стојкоски: Ќе има кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност

ФИФА ги казни фудбалските асоцијации на Албанија, Еквадор, Парагвај, Романија, Босна и Херцеговина и Индонезија